Пораст на индустриското производство во април

20

Индустриското производство во април оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 3,6%, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во април 2016 година, во однос на април 2015 година, бележи опаѓање од 10,2%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 9,4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 29,5%.

Порастот во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на облека, Производство на други неметални минерални производи, Производство на машини и уреди, неспомнати на друго место, Производство на електрична опрема и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во април 2016 година, во однос на април 2015 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,1%, Капитални производи за 36,5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,1%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 28,1% и Трајни производи за широка потрошувачка за 3,8%.

Индустриското производство во периодот јануари – април 2016 година, во однос на периодот
јануари – април 2015 година, е зголемено за 8,7%.