Пораст на индустриското производство во јануари

13

Фото: Pixabay

Индустриското производство во јануари оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемено за 12%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2019 година, во однос на јануари 2018 година, бележи опаѓање од 2,2%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 50,8 %.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на метали, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во јануари 2019 година, во однос на јануари 2018 година, бележи пораст кај Енергија за 44,6%, Капитални производи за 15,7% и Трајни производи за широка потрошувачка за 23,7%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1,1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,1%.