Пораст на продажните цени на индустриски производи во август

41

industriski-proizvodi-pixabay

Фото: Pixabay

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, во август оваа година, се повисоки за 0,3% на месечно ниво, односно за 0,5% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во август 2017, во споредба со јули 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Интермедијарни производи, освен енергија за 0,5%, Капитални производи за 0,3%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,3%, Трајни производи за широка потрошувачка за 0,2% и Енергија за 0,1%.

Во август 2017, во споредба со август 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Капитални производи за 3%, Интермедијарни производи, освен енергија за 1,9%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,4% и Трајни производи за широка потрошувачка за 0,4%.