Пораст на продажните цени на индустриски производи во октомври

19

industrija-ventili-pixabay

Фото: Pixabay

Продажните цени на производителите на индустриски производи во октомври се повисоки за 0,3% на месечно ниво, а за 3,4% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во октомври 2017, во споредба со септември 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 0,4%, а се повисоки во секторот Преработувачка индустрија за 0,4% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,3%.

Во октомври 2017, во споредба со октомври 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 18,3%, во секторот Преработувачка  индустрија за 2,3% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,5%.