Пораст на продажните цени на индустриските производи во март

9

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашен пазар, во март оваа година, се повисоки за 0,5% на месечно и 0,1% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во март 2016 година, во споредба со февруари 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 0,9%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,7% и Капитални производи за 0,4%, додека во групата Трајни производи за широка потрошувачка се останати на исто ниво.

Во текот на минатиот месец, во споредба со март 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Капитални производи за 8,6%, Трајни производи за широка потрошувачка за 2,3% и Енергија за 1,4%.