Пораст на прометот на индустријата во јули

18

Прометот во индустријата во јули оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 5,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во јули 2015, во однос на јули 2014 година, бележи пораст од 2,7%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 6,3%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2015 година, во однос на јули 2014 година, бележи пораст од 1,2%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 5,6%.

Според главните индустриски групи, прометот во јули 2015 година, во однос на јули 2014 година, бележи пораст кај Енергија за 378,3%, Интермедијарни производи, освен енергија за 4,8%, Капитални производи за 23,4% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 9,4%, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,7%.

Прометот во индустријата во јули 2015 година, во однос на јуни 2015 година, бележи намалување од 8,1%, додека во периодот јануари – јули 2015 година, во однос на периодот јануари – јули 2014 година бележи пораст од 8,3%.