Пораст на прометот во индустријата во април за 15,7%

15

Прометот во индустријата во април оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 15,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата во април, во споредба со претходниот месец, е зголемен за 1,2%, додека во периодот од јануари до април 2016 година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 11%.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во април 2016, во однос на април 2015 година, бележи пораст од 4,8%, а прометот остварен на странските пазари бележи пораст од 19,1%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во април 2016 година, во однос на април 2015 година, бележи опаѓање од 19,7%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 17,3%.

Според главните индустриски групи, прометот во април 2016 година, во однос на април 2015 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5,4%, Капитални производи за 39,3%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 10,3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,2%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 61,3%.