Пораст на прометот во индустријата во април

17

Прометот во индустријата во април оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 3,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во април 2015, во однос на април 2014 година, бележи опаѓање од 3%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 6,2%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во април 2015 година, во однос на април 2014 година, бележи пораст од 12%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 3,6%.

Според главните индустриски групи, прометот во април 2015 година, во однос на април 2014 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6,3%, Капитални производи за 6,4% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 3,6%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 58,9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1%.

Прометот во индустријата во април 2015 година, во однос на март 2015 година, бележи намалување 6,7%, додека во периодот јануари-април 2015 година, во однос на периодот јануари-април 2014 година, е зголемен за 8,6%.