Пораст на прометот во индустријата во март

9

industriski-proizvodi-pixabay

Фото: Pixabay

Прометот во индустријата во март оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 16,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во март 2017, во однос на март 2016 година, бележи пораст од 2,7%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 20,1%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во март 2017 година, во однос на март 2016 година, бележи пораст од 15,8%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 16,7%.

Според главните индустриски групи, прометот во март 2017 година, во однос на март 2016 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 23,1%, Капитални производи за 22,8% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 20,7%, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,8%.

Прометот во индустријата во март 2017 година, во однос на февруари 2017 година, е зголемен за 14,8%, додека во периодот јануари – март 2017 година, во однос на периодот јануари – март 2016 година, порастот е 11,1%.