Пораст на прометот во индустријата во март

20

Прометот во индустријата во март оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 13,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во март 2015, во однос на март 2014
година, бележи пораст од 3,2%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 16,8%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во март 2015 година, во однос на март 2014 година, бележи пораст од 15,2%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 13,6%.

Според главните индустриски групи, прометот во март 2015 година, во однос на март 2014 година, бележи
пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 8,8%, Капитални производи за 20,1%, Tрајни
производи за широка потрошувачка за 1,8% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 13%, додека
опаѓање бележи кај Енергија за 97,9%.

Прометот во индустријата во март 2015 година, во однос на февруари 2015 година, е зголемен за 16,5%, додека во периодот јануари – март 2015 година, во однос на периодот јануари – март 2014 година, е во пораст од 10,3%.