Пораст на прометот во трговијата на мало во мај

16

Прометот во трговијата на мало во мај оваа година, во однос на истиот период лани, бележи зголемување, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 6,6%, а реално за 7,5%), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 18,7%, а реално за 15,8%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 13%, а реално за 13,5%).