Пораст на трошоците на живот и цените на мало во август

15

supermarket-kolicka-pixabay

Фото: Pixabay

Трошоците на животот во август 2017 година, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,4%, а кај цените на мало има пораст од 0,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Пораст на трошоците на животот во август 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и замрзнат зеленчук освен компир за 5,3%, замрзнатото овошје за 1,6%, сушеното, соленото и чаденото месо за 1,5%, месото за 0,9%, изнутриците за 0,8%, другите преработки од месо за 0,6%, сирењето и урдата, маслото и маснотиите, сувото овошје и јаткастите производи за 0,5%, млекото за 0,4%, рибата и морските плодови за 0,2%.

Во август, исто така, пораст на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз на патници за 21,7%, болничките услуги за 5,7%, велосипедите за 4,9%, гасот за домаќинствата за 3,8%, течните горива за домаќинствата и средствата за чистење и одржување на домаќинствата за 2,7%, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства, услугите за рекреација и спорт за 1,7%, градините, цвеќињата и растенијата за 1,5%, предметите за лична хигиена и здравје за 1,1%, услугите за лична хигиена за 0,9%, големите електрични апарати за домаќинствата за 0,8%, цврстите горива за домаќинствата, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за домаќинствата за 0,5%, резервните делови и опрема за сопствен превоз, домашните миленици и сродни производи за 0,3%, облеката и услугите за одржување на станот за 0,2%.

Намалување на трошоците на животот во август 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 2,5%, оризот за 1,4%, брашното и другите жита и јајцата за 1,2%, сушениот зеленчук, друг конзервиран и преработен зеленчук за 0,9%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,7% и другите пекарски производи за 0,6%.

Исто така, во август, намалување на трошоците на животот е забележано и кај централното греење на домаќинствата за 2,5%, обувките за 2,2%, информатичката опрема за 0,9%, материјалите за одржување и поправки на станот, мебелот за домаќинствата, игрите, играчките и хобијата за 0,6%, стоматолошките услуги за 0,4%, текстилот за домаќинствата и поправката на електричните апарати за 0,2%.

Трошоците на животот во август 2017 година, во споредба со август 2016 година, бележат пораст од 1,9%, а цените на мало бележат пораст за 4,1%.