Пораст на трошоците на живот и цените на мало во ноември

10

supermarket-123-pixabay

Фото: Pixabay

Трошоците на живот и цените на мало, во ноември во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Порастот на трошоците на живот од 0,2%, во ноември 2017 година во споредба со претходниот месец, е резултат на повисоките индекси на сирењето и урдата за 2,4%, замрзнатото овошје за 1,8%, компирот за 1,5%, оризот, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 1,1%, другите прехранбени производи за 0,9%, другите пекарски производи и месото за 0,8%, млекото за 0,6%, маслото и маснотиите за 0,5%, рибата и морските плодови, цигарите за 0,4%, брашното и другите жита за 0,3%, трбушките, сушеното, соленото и чаденото месо за 0,2%.

Во ноември, исто така, пораст на трошоците на животот е забележан и кај фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 5,8%, болничките услуги за 4,7%, телефон и телефакс опремата за 4,4%, течните горива за домаќинствата за 4,1%, информатичката опрема за 3%, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 2,6%, гасот за домаќинствата за 2,3%, цврстите горива, накитот и часовниците за 1,5%, поправка на електричните апарати за 1,3%, средствата за чистење и одржување на станот, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 1,1%, игрите, играчките и хобијата за 1%, обувките за 0,9%, теписите и другите покривки за под, другите услуги за опрема за сопствен превоз за 0,7%, книгите за 0,5%, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,4%, облеката, услугите за култура за 0,3%, мебелот за домаќинствата, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за под, текстилот за домаќинствата, големите електрични апарати за домаќинствата, терапевтските помагала и другите лични предмети за 0,2%.

Намалување на трошоците на живот, во ноември 2017 година во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 8,9%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1,2%, сувото овошје и јаткастите производи за 1,1%, свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 1%. Исто така, во ноември, намалување на трошоците на животот е забележано и кај опремата за спорт, кампување и рекреација во природа за 3,5%, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за домаќинствата, авионскиот превоз на патници за 2,7%, алатите и опремата за куќа и градина за 1,5%, патниот сообраќај, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 0,8%, материјалите за одржување и поправки на станот, градините, растенијата и цвеќињата за 0,6% и резервните делови и опремата за сопствен превоз за 0,3%.

Трошоците на живот во ноември 2017 година, во споредба со ноември 2016 година, бележат пораст од 2,2%, а цените на мало се зголемени за 4,6%.