Пораст на трошоците на живот во април

20

dom-vnatre-pixabay

Фото: Pixabay

Трошоците на живот во април оваа година, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,5%, а кај цените на мало има пораст од 0,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Пораст на трошоците на животот во април 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладен зеленчук освен компирот за 15,8%, свежото и разладеното овошје за 11,7%, компирите за 4,1%, сувото овошје и јаткастите производи за 1,4%, јајцата за 1,2%, јогуртот за 0,7%, цигарите за 0,5%, другите преработки од месо, другите преработки од риба и морските плодови, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0,4%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,3% и лебот за 0,2%.

Во април, исто така, пораст на трошоците на животот е забележан и кај теписите и другите прекривки за под за 2,8%, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 2%, осигурувањето за 1,8%, канцелариските материјали и материјалите за цртање за 1,6%, обувките за 1,2%, велосипедите, градините, растенијата и цвеќињата, услугите за рекреација и спорт и услугите за сместување за 0,9%, игрите, играчките и хобија за 0,7%, поправката на електричните апарати за 0,6%, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,5%, услугите за одржување и поправки на станот, другите лични предмети и финансиските услуги неспомнати на друго место за 0,3%, облеката, големите електрични апарати, пакет туристичките аранжмани, угостителските услуги и предметите за лична хигиена и здравје за 0,2%.

Намалување на трошоците на животот во април 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај другите прехранбени производи за 1,3%, месото за 1,2%, замрзнатото овошје за 0,8%, алкохолните пијалаци за 0,5%, рибата и морските плодови за 0,4% и изнутриците за 0,3%.

Исто така, намалување на трошоците на животот е забележано и кај информатичката опрема за 7,2%, гасот за домаќинствата за 4,7%, течните горива за домаќинствата за 4,2%, телефон и телефакс опремата за 3%, болничките услуги за 2,5%, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 2,2%, текстилот за домаќинствата и патничките автомобили за 0,6%, алатите за опрема за куќа и градина, другите медицински производи и терапевтски апарати, услугите за култура и другите услуги неспомнати на друго место за 0,4%, средствата за чистење и одржување на станот и авионскиот превоз на патници за 0,3%.

Трошоците на животот во април 2017 година, во споредба со април 2016 година, бележат пораст од 1%, а кај цените на мало има зголемување од 2,2%.