Пораст на трошоците на живот во март

15

kolicka-supermaket-mala-pixabay

Фото: Pixabay

Трошоците на живот во март оваа година, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,5%, додека кај цените на мало е забележан пораст од 1,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Пораст на трошоците на животот во март 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 7,3%, тутунот за 2,6%, безалкохолните пијалаци за 0,8%, другите пекарски производи за 0,7%, полномасното млеко, сувото овошје и јаткастите производи за 0,6%, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0,5%, замрзнатото овошје за 0,4%, брашното и другите житарки за 0,2%.

Во март, исто така, пораст на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз на патници за 24,2%, болничките услуги за 6,6%, чистењето, поправката и изнајмувањето на облека за 6,2%, телефонските и факс услугите за 5,9%, ветеринарните и другите услуги за домашни миленици за 4,4%, парамедицинските услуги за 4,3%, опремата за спорт, кампирање и рекреација во природа за 3,8%, туристичките аранжмани за 2,5%, другите услуги за опремата за сопствен превоз за 1,9%, велосипедите за 1,3%, услугите за одржување на станот и услугите за култура за 0,9%, стоматолошките услуги за 0,6%, течните горива за домаќинствата за 0,5%, гасот за домаќинствата, малите електрични апарати, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства, информатичката опрема, книгите и угостителските услуги за 0,4%, цврстите горива за домаќинствата, теписите и другите прекривки за под и текстилот за домаќинство за 0,3%, материјалите за одржување и поправки на станот, мебелот за домаќинствата, другите медицински производи, услугите и предметите за лична хигиена и здравје за 0,2%.

Намалување на трошоците на животот во март 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладен зеленчук освен компирот за 3,6%, другите преработки од риба и морски плодови за 1,4%, оризот и компирот за 0,9%, јогуртот за 0,5%, житариците, рибата и морските плодови за 0,3%,
месото, сирењето и урдата, маслото и маснотиите, другите прехранбени производи и алкохолните пијалаци за 0,2%.

Исто така, намалување на трошоците на животот е забележано и кај опремата за фиксни телефони за 4,5%, средствата за чистење и одржување на станот за 1,5%, облеката, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти и другите услуги, неспомнати на друго место за 0,8%, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за домаќинство за 0,6%, лековите за 0,5%, резервните делови и опремата за сопствен превоз за 0,3% и обувките за 0,2%.

Трошоците на животот во март 2017 година, во споредба со март 2016 година, бележат пораст од 0,6%, а кај цените на мало има зголемување од 2,5%.