Пораст од 0,6% на индустриското производство во март

21

Индустриското производство во март оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 0,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во март 2015 година, во однос на март 2014 година, бележи опаѓање од 7,4%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 15,1%.

Според главните индустриски групи, производството во март 2015 година, во однос на март 2014 година, бележи пораст кај Енергија за 6,3%, Капитални производи за 26,9% и Трајни производи за широка потрошувачка за 31,1%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2,4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,5%.

Индустриското производство во периодот јануари – март 2015 година, во однос на периодот јануари – март 2014 година, бележи пораст од 1,5%.