Пораст од 11,5% на прометот во индустријата во февруари

14

Прометот во индустријата во февруари оваа година, во однос на истиот период лани, бележи раст од 11,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во февруари 2015, во однос на февруари 2014 година, бележи опаѓање од 6,6%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 16,8%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2015
година, во однос на февруари 2014 година, бележи пораст од 5,5%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 11,8%.

Според главните индустриски групи, прометот во февруари 2015 година, во однос на февруари 2014 година,
бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5,8%, Капитални производи за 24,2%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,3%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 97%.

Прометот во индустријата во февруари 2015 година, во однос на јануари 2015 година, бележи пораст од 2%, додека во периодот јануари – февруари 2015 година, во однос на периодот јануари – февруари 2014 година, бележи скок од 8,5%.