Porsche двојно ќе ги зголеми инвестициите во електрични возила

23

porsche-911-turbo-3000196_960_720

Фото: Pixabay

Германскиот производител на спортски автомобили Porsche до 2022 година двојно ќе ги зголеми инвестициите во електричните автомобили.

Како што пренесува France 24 компанијата ќе инвестира шест милијарди евра во развојот на хибридни и електрични автомобили. Околу 500 милиони евра дополнително ќе се потрошат на развој на главниот електричен модел Mission E што би требало да се појави на крајот на следната година.

Porsche наведува дека тоа возило ќе има 600 коњски сили и опсег до 500 километри, со што би било во ранг со возилата на Tesla.

Дополнителни милјарда евра би требало да бидат вложени во развојот на електричните и хибридни верзии на постоечките модели, стотина милиони евра во проширување на фабриката и околу 700 милиони евра во градење на мрежа на станици за полнење.