Порше Македонија ја претстави осмата генерација на Volkswagen Passat

84

2

Во салонот на Volkswagen во Скопје, вчера беше претставена новата осма генерација на Passat, која претставува спој на иновации, раскошни карактеристики, изразена естетика, ефикасност и врвен квалитет.

На промоцијата до присутните се обратија Владимир Димитрoвски, бренд менаџер на Volkswagen, како и Александар Цветковски, продукт менаџер на Volkswagen.

Од појавувањето во 1973 година до денес, Passat е најстариот активен модел на Volkswagen. Со преку 22 милиони продадени примероци во својата 41-годишна традиција, исто така е и еден од најуспешните автомобили на брендот.

„Секоја досегашна генерација на Passat остави печат на своето време и постави нови стандарди во средната класа. Некоја во поглед на просторот, друга во поглед на безбедноста, дизајнот технологијата. Претходната седма генерација успеа да собори рекорд и во Македонија со најголем удел во својот сегмент близу 50%. Речиси секој втор автомобил од средната класа во Македонија е Passat“, изјави бренд менаџерот Владимир Димитровски.

Соодветно на досегашниот успех, Volkswagen со новата генерација на Passat си постави предизвик да создаде автомобил кој не само што ќе биде достоен наследник на неговиот претходник, туку и ќе напише сосема ново поглавје во автомобилската историја. Осмата генерација на Passat, според Димитрoвски поставува нови стандарди на полето на удобноста, безбедноста, дизјанот, перформансите потрошувачката и еколошката прифатливост. Ги поместува границите на средната класа и им фрла ракавица в лице на премиум моделите.

1

Во однос на неговите технички специфииакции и достигнувањa, Александар Цветковски ги нагласи предностите на новиот автомобил кој ги менува стандардите во средната класа.

„Новиот Passat истовремено е елегантен и спортски автомобил со настап кој е истовремено и одмерен и агресивен. Го проширува опсегот на достапна моќност кај моторите, а кај дизел моторите ја поместува горната граница до 176 KW/240 КС. Во серија испорачува богата безбедносна и функционална опрема, а може да се надогради и со мноштво опции за да ги задоволи и најпрефинетите вкусови. Нуди системи за помош, како помош при паралелно паркирање, помош при маневрирање со приколка, помош при возење во метеж, помош во итни случаи и систем за детектирање на пешаци. Во серија достапните можности за поврзување кај новиот Passat се дополнети со опциите Mirrorlink и CarNet“, рече Цветковски.

Лидерот во бизнис класата е веќе достапен за македонските возачи, а претставниците на Порше Македонија се сигурни дека совршениот нов Volkswagen Passat ќе биде успешен најмалку како и неговите претходници.