Португалија дозволува влез на туристи од ЕУ и Велика Британија со негативен тест

21

Португалија дозволува туристички летови од земјите од Европската унија со ниска стапка на инфекција со коронавирусот и од Велика Британија, но патниците мора да покажат негативен тест на Ковид-19.

Претходно, португалското министерство за туризам даде зелено светло за британските туристи за влез во земјата.

Забраната за влез се укинува за сите европски земји со инциденца помала од 500 случаи на 100.000 лица.

Туристи од Лихтенштајн, Норвешка, Исланд и Швајцарија, исто така, ќе може да патуваат во Португалија.

Посетителите ќе мора да докажат дека биле негативни на коронавирус до 72 часа пред летот, а авиокомпаниите ќе бидат казнети со глоба од 500 до 2.000 евра за секој патник кој без доказ за негативен тест ќе се качи во авионот.

Португалија во овој момент единствено дозволува летови за патување поради бизнис, студирање, поврзување на семејства, здравствени или хуманитарни причини.

Фото: Pexels