Поштарите во Финска, освен носење пошта, ќе косат тревници

28

kosenje treva

Современиот начин на комуникација го намали обемот на примање и испраќање на писма и пратки. Од таа причина поштенскиот сервис во Финска, Posti, воведе сосема нова услуга со цел да создаде поголеми приноси.

Доколку дозволуваат временските услови, поштарите во Финска секој вторник ќе ги косат тревниците во домовите на луѓето.

“Оваа услуга е дел од пилот проект, којшто ќе се спроведува ова лето низ целата земја. Идејата за косење на тревниците дојде од самите поштари“, велат од Posti, пренесува Luxemburger Wort.

Доколку некој сака тревникот да му биде среден, во тој случај поштарот ќе доаѓа секоја недела и за таа услуга ќе наплаќа 130 евра месечно. Услугата за косење на тревниците ќе биде достапна од мај до крајот на август.

Пред околу еден месец, во финскиот поштенски сервис се затворени 700 од вкупно 22.000 работни места.