Последна можност сезонава да ја запознаете заедницата на претприемачи на ЦЕЕД Македонија

23

Имате сопствен бизнис или сте директор на растечка компанија? Во тој случај не ја пропуштајте последната можност оваа сезона да ја запознаете заедницата на претприемачи на ЦЕЕД Македонија.

Средбата ќе биде организирана на 26-ти јуни, од 14 до 16 часот, во хотелот ТЦЦ Гранд Плаза, на булевар 8-ми Септември во Скопје.

ЦЕЕД Македонија веќе 12 години посветено работи на поврзување на претприемачи во заедницата, каде што имаат можност да разменуваат искуства, да споделуваат предизвици и решенија со кои реално се соочиле, да се вмрежуваат на средби во рамки на Клубот, а добиваат и уникатна прилика да присуствуваат на меѓународни конференции и бизнис настани.

Минатата средба, што се одржа на 21-ви мај, беше посветена на животниот циклус низ којшто поминува една компанија. Претприемачите кои беа дел од средбата имаа одлична и уникатна можност на непосреден начин да слушнат искуства и професионален осврт на темата од Барбара Брегар Мрзликар од CEED Global и Елио Илори, успешен претприемач од Словенија.

Доколку не сакате да ја пропуштите оваа можност, што нуди потенцијал за раст на вашиот бизнис, пријавете се на овој линк, а за подетални информации побарајте на Биљана Рамљак на 076 496 616 или на bramljak@ceed-macedonia.org.