Посвежо и врнежливо

10

Времето во Македонија денеска ќе биде облачно, свежо и врнежливо. На места ќе има пообилни врнежи од дожд, проследени со грмежи и се очекува локално да наврнат и над 30л/м2. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Дневните температури ќе се движат од 16 до 27 степени.

Во Скопје и околината слично време со температура до 24 степени.