Потпишување договор за модернизација и електронска наплата на патарина

18

Турската компанија Аселсан за 18 месеци треба да инсталира електронски систем за наплата на патна такса во државава и да ги модернизира патарините долж Коридорот 10.

Договорот ќе го потпишат денеска претставници на Аселсан и на Јавното претпријатие за државни патишта, во присуство на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Вредноста на инвестицијата е 18,7 милиони евра од кои 15 милиони евра се обезбедени од Европската банка за обнова и развој, а останатиот дел од државниот Буџет.

Проектот треба да овозможи брз проток на возила низ патарините, со исклучување на човечкиот фактор, без плаќање во кеш,  како и избегнување на можноста за неплаќање патна такса и создавање метеж особено во летниот период.

Електронската наплата ќе се одвива преку микробранови транспондери  и со смарт картички, а системот ќе врши и категоризација на возилата. Проектот предвидува  реконструкција, проширување и модернизација на петте постоечки наплатни станици на Коридорот 10 – Романовце, Петровец, Сопот, Отовица и Градско.