Потрошувачка по енергенти во февруари

8

Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2020 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 758.271 МWh електрична енергија, 25.888 мил. нм3 природен гас, 558.203 тони јаглен и 73.252 тони нафтени продукти.

Бруто домашното производство на електрична енергија учествува со 63,4% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 97,6% од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

Фото: Pexels