Потрошувачка по енергенти во октомври

33

Фото: Pexels

Вкупната потрошувачка по видови енергенти, во октомври оваа година, изнесува: 591.053 МWh електрична енергија, 24.647 милиони нм3 природен гас, 445.569 тони јаглен и 86.648 тони нафтени продукти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бруто домашното производство на електрична енергија учествува со 78,2% во бруто домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 94,3% од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.