Потрошувачка по видови енергенти во август

27

dalekovod-pixabay-zajdisonce

Фото: Pixabay

Во август оваа година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 564.426 МWh електрична енергија, 22.137 мил. нм3 природен гас, 422.280 тони јаглен и 100.127 тони нафтени продукти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бруто домашното производство на електрична енергија учествува со 79,6% во бруто домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 95,7% од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.