
Заштедите на членовите на Задолжителниот пензиски фонд со кој управува КБ Прво пензиско друштво АД Скопје го надминаа износот од 300 милиони евра, соопштуваат од компанијата.
Со ова, КБ Прво пензиско друштво АД Скопје кое управува со КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје и КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд – Скопје, стана првото пензиско друштво во Македонија кое управува со капитално финансиран пензиски фонд поголем од 300 милиони евра, средства што се во сопственост на членовите на Фондот.
Во текот на досегашното успешно работење, од 2005 година па наваму, во КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје, вклучени се повеќе од 196.000 членови и времено распределени лица, чии што средства заедно со остварениот принос од инвестиции придонесоа за остварување на респектабилен износ на пензиски заштеди што членовите ќе можат да ги користат во иднина.