Повисок индикаторот на доверба во трговијата на мало во третото тримесечје

25

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во трговијата на мало во третото тримесечје од 2019 година е за 0,1 процентен поен повисок во однос на претходното тримесечје, а e зголемен за 0,5 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2018 година.

Eкономската состојба на деловните субјекти во третото тримесечје од 2019 година е незначително поповолна во однос на претходното тримесечје, а e поповолна во однос на истото тримесечје од 2018 година. Се очекува да биде поповолна и во наредните две тримесечја. Количеството на залихите е незначително зголемено во однос на претходното тримесечје.

Финансиската состојба во третото тримесечје од 2019 година е поповолна во однос на  претходното од 2019 година.

Оценката за очекуваните порачки за наредниот период се дека ќе се зголемат, а се очекува да се зголеми и бројот на вработените.

Продажните цени во третото тримесечје од 2019 година се намалиле во однос на претходното, а се очекува нивно намалување и  во наредните три месеци.

Најголемо влијание врз ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на третото тримесечје од 2019 година имале: недостигот на обучен кадар со 22,4%, зголемената конкуренција на пазарот со 19,5%,  зголемените трошоци за труд со 17,9% и  слабата побарувачка од купувачите со 17%.

Фото: Pixabay