Повисоки цени на индустриските производи на домашен пазар

15

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашен пазар, во април оваа година, на месечно ниво се повисоки за 0,4%, додека се пониски за 3,9% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во април 2015, во споредба со март 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Капитални производи за 1,1%, Енергија за 0,7% и Интермедијарни производи, освен енергија за ,.5%, додека во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка се останати на исто ниво.

Во април 2015, во споредба со април 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија за 9,2%, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,7%.