Повисоки продажни цени на индустриските производи во јануари

45

industriski-srafovi

Фото: Pexels

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки за 0,4% на месечно ниво, а за 3,1% на годишно ниво.

Во јануари 2017, во споредба со декември 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 5,7%, во секторот Преработувачка индустрија се на исто ниво, а се пониски во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,7%.

Во јануари 2017, во споредба со јануари 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 18,3%, во секторот Преработувачка индустрија за 2,2%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 0,3%.