Повисоки продажните цени на индустриски производи во јануари

40

Фото: Pexels

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во јануари оваа година, се повисоки на месечно ниво за 0,4 %, а се пониски за 0,8% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во јануари 2019, во споредба со декември 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1,3% и во секторот Преработувачка индустрија за 0,4%, а се пониски во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,1%.

Во јануари 2019, во споредба со јануари 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 17,1% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1%, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 0,9%.