Повисоки продажните цени на индустриските производи во април

21

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во април оваа година, се повисоки за 0,4% на месечно ниво, а пониски за 4,1% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во април 2016, во споредба со март 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 3,1%, во секторот Преработувачка индустрија за 0,1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,2%.

Во април 2016, во споредба со април 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 2,8%, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 5% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,2%.