Повисоки продажните цени на индустриските производи во август

14

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, во август, се повисоки за 0,3% на месечно ниво, односно пониски за 4,7% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во август 2015, во споредба со јули 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,7%, Енергија за 0,5% и Капитални производи за 0,2%, додека во групата Трајни производи за широка потрошувачка се останати на исто ниво.

Во август 2015, во споредба со август 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија за 11,1%, Интермедијарни производи освен енергија за 1,2% и во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,7%.