Повисоки продажните цени на индустриските производи во јули

9

Продажните цени на производителите на индустриски производи во јули се повисоки за 0,1% на месечно ниво, а пониски за 3,7% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во јуни 2016, во споредба со мај 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1,7%, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,5%, а во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 0,1%.

Во јуни 2016, во споредба со јуни 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 3,4%, во секторот Преработувачка индустрија за 4,1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 1,1%.