Повисоки продажните цени на индустриските производи во март

8

Продажните цени на производителите на индустриски произоди, во март оваа година на месечно ниво се повисоки за 0,2%, додека на годишно ниво се пониски за 3,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во март 2015, во споредба со февруари 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 0,7%, во секторот Преработувачка индустрија за 0,3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 1,1%.

Во март 2015, во споредба со март 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи,
вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 2,7% и во секторот Преработувачка индустрија за 4,2%, а се повисоки во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 3,6%.