Продажните цени на производителите на индустриски производи во септември оваа година, на месечно ниво се пониски за 0,6%, додека на годишно ниво се поголеми за 5,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во септември 2015, во споредба со август 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 3,3%, во секторот Преработувачка индустрија за 0,6%, a во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 1,5%.
Во септември 2015, во споредба со септември 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 3,8% и во секторот Преработувачка индустрија за 5,7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 1%.