Повисоки трошоци во градежништво за нови објекти за индивидуално домување

27

Фото: Pixabay

Во четвртото тримесечје од 2018 година, во споредба со третото тримесечје од 2018 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 0,3%, трошоците за материјали се пониски за 0,2% и трошоците за вработените се повисоки за 1,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во четвртото тримесечје од 2018 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2017 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 5,9%, трошоците за материјали се повисоки за 3,2% и трошоците за вработените се повисоки за 13%.