Поволна оценка на деловните субјекти за економската состојба во април

16

Економската состојба на деловните субјекти во април во оваа година, во однос на претходниот месец, е поповолна, покажуваат оценките на раководителите на овие субјекти.

Според нив, понеповолна била економската состојба во април, во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е понеповолна во однос на претходниот месец, додека оценката за обемот на производството во април 2014 година е понеповолна во однос на претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни, како и очекувањата за бројот на вработените.

Во април 2014 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во април 2014 година се зголемени во однос на март 2014 година.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во април 2014 година изнесува 61,5% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во април 2014 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 27,1%, недоволната домашна побарувачка со 17,4%, финансиските проблеми со 10,3% и неизвесното економско опкружување со 7,5%.