Комерцијална банка АД Скопје претстави нова понуда на поволни наменски кредити, стои во соопштението од банката. По согледувањето на потребите и барањата на комитентите, Банката во наредниот период нуди поволности кај следните наменски кредити:
– Кредит за школување со каматна стапка од 5,5% , рок на отплата до 5 години и износ до 5.000 евра во денарска противвредност. Повеќе на линкот Кредит за школување .
– Кредит за подобрување на енергетската ефикасност со каматна стапка од 4,9% , рок на отплата до 7 години и износ до 8.000 евра. Повеќе на линкот Кредит за подобрување на енергетската ефикасност.
– Туристички кредит со каматна стапка од 5,9% , рок на отплата до 3 години и износ до 3.000 евра. Повеќе на линкот Туристички кредит.