Повторно достапна понудата на ОНЕ “За твоите 100 денари добиваш 300 денари”     

23

one

Телекомуникацискиот оператор ОНЕ уште еднаш ја воведува најатрактивната промоција лансирана досега во припејд. Од 19 септември, повторно во ОНЕ, сите припејд корисници за своите 100 денари добиваат 300 денари, односно три пати повеќе кредит.

Со промоцијата секој при – пејд корисник на ОНЕ и ЏаБест кој има најмалку 100 денари на својата сметка, може да ја активира оваа понуда и за своите 100 да добие дури 300 денари кредит.

Доделениот кредит од 300 денари корисникот може да го користи во период од 10 дена за речиси сите  услуги што ОНЕ ги нуди на своите при – пејд корисници:  разговори кон сите мрежи, SMS, MMS, интернет, услуги со додадена вредност и одредени неделни и месечни пакети за разговори и интернет од актуелната понуда на ОНЕ.

Понудата е достапна за сите при – пејд корисници на мобилната телефонија на ОНЕ и ЏаБест и истата може да се активира на секои 10 дена, со јавување на бесплатниот број 1450, испраќање SMS на бесплатниот број 181 со текст “300 START” или во сите продажни места на ОНЕ.