Позајмени рекордни 1.300 милијарди евра од ЕЦБ

49

Банките во еврозоната вчера позајмија рекордни 1.300 милијарди евра од Европската централна банка (ЕЦБ) за да ја задоволат зголемената побарувачка на компаниите за кредити во време на невидена рецесија.

ЕЦБ ја започна програмата Целни долгорочни операции за рефинансирање (Targeted long term refinancing operations – TLTRO) пред шест години, а годинава ја измени за да ѝ помогне на економијата да ги надмине тешките последици од пандемијата на коронавирусот.

Комерцијалните банки позајмија вкупно 1.300 милијарди евра од програмата за период од три години, со каматна стапка од -1%.

Позајмениот износ е најголем откако ЕЦБ го воведе TLTRO, но е помал во нето услови, бидејќи банките веројатно користеле дел од износот за репрограмирање на старите заеми на ЕЦБ за да ги искористат поволните каматни стапки.

Негативна каматна стапка значи дека банките ќе заработат 0,5% за една година или 1% под услов да не го намалат кредитното портфолио.

Во преостанатите две години до достасувањето на заемот, каматната стапка ќе биде идентична со каматната стапка на депозитите на ЕЦБ, којашто во моментов е -0,5%. 

Фото: Pixabay