Познати македонските претставници на светското е – спорт првенство во Кореа

16

esport-1

Две екипи ќе ја претставуваат Македонија на светското првенство во е – спорт, коешто годинава, во ноември, се организира во Бусан, Кореа, стои во соопштението.

Екипата Evolution Online се финалисти кои на викенд квалификациите освоија победа над Me6. Исто така, нивните колеги кои ќе ги облечат црвените дресови за Македонија во дисциплината CS:GO се момците од екипата Entitty, кои по исто толку долг квалификациски период со 12 тимови и финални натпревари со вкупно осум тимови, дојдоа до шансата да одат во Кина и да бидат дел од World Cyber Arena.

Годинава, учествуваа вкупно 20 екипи во две дисциплини, кои три месеци се натпреваруваа за да се квалификуваат на завршниот турнир. Досега, Македонија учествуваше на осум светски и две европски првенства во е – спорт. Првиот турнир во мегапопуларната League of Legends се одржа во Интернет клубот Инсомниа во Скопје. Вториот натпревар се одржа во гејминг клубот Ентити во Охрид во Counter Strike: Global Offensive.

Ова е втора година по ред, Македонската е – Спорт Федерација да организира национална лига во е – спорт за учество во светско првенство, кое го организира IeSF (Интернационалната е – Спорт Федерација).

Македонската е – Спорт Федерација е формирана во 2009 година, следејќи ги глобалните трендови за развој на е – спортот. Започна како член на World Cyber Games, за подоцна во 2013 година, да стане полноправна членка на Меѓународната е – Спорт Федерација – IeSF. ВО 2016 година станува дел од World Cyber Alliance, една од најголемите е – спорт организации со седиште во Кина. Истата година, МЕСФ е примена и во Светскиот е – Спорт Конзорциум, WESCO.

МеСФ постојано е во комуникација со надлежните органи во Македонија за официјализирање на е – спортот по примерот на многу светски држави.