Prada зеде заем што ја обврзува да стане одржлива компанија

81

Лукзусниот бренд Prada потпиша договор за заем според којшто мора да исполни одредени одржливи услови во своето работење.

Договорот е вреден 55,2 милиони долари, а е потпишан со банкарската групација Crédit Agricole.

Според Prada, којашто, исто така, го поседува брендот Miu Miu, ова е прв пат еден луксузен бренд да потпише ваков договор што вклучува исполнување на одржливи цели, пишува Dezeen.

Согласно условите на петгодишниот заем, брендот мора да исполни три работи. Првата е во врска со продавниците од коишто определен дел мора да биде рангиран како златна или платиниумска според системот на Leadership in Energy and Environmental Design (LEED).

Двете други цели се однесуваат на бројот на часови за обука наменети за вработените и спроведување на заложбата што Prada ја даде годинава, а тоа е елиминирање на најлонот како материјал, до 2021 година.

Фото: Pixabay