Предновогодишно дружење на вработените од Пивара Скопје со децата во СОС Детско Село

70

Во пресрет на новогодишните празници, волонтерите од Пивара Скопје и децата поддржани од СОС Детско село изработуваа новогодишни украси и честитки, на заедничко дружење кое помина во одлично расположение и атмосфера исполнета со многу топлина и радост. Oние честитки кои ќе бидат заеднички прогласени за најдобри ќе бидaт употребени како корпоративна новогодишна честитка на Пивара Скопје.

Заедно со волонтерите од Пивара Скопје и децата поддржани од СОС Детско село, во новогодишната работилница учествуваше и НајаКалогераки, директор за односи со купувачи и комерција на групацијата Coca-Cola HBC, која изјави: “Ова за мене беше прекрасно искуство кое ме исполни со многу позитивна енергија. Навистина се чувствувам привилегирано што можев да учествувам во оваа активност на волонтерите од Пивара Скопјеи да се дружам со овие прекрасни деца“.

Националниот директор на СОС Детско Село, Јулијана Гапо истакна дека ваквитедружења се одличен начин за почеток на предновогодишната празнична магија.

“Среќни сме што ваквите посети и дружења со вработените од Пивара Скопје стануваат традиција. Ова дружење е дел од многубројните активности што во текот на целата година ги организира компанијата, а во кои се вклучени децата и младите поддржани од нашата организација. На таков начин, заедно со финансиската поддршка што ни ја доделува секоја година, Пивара Скопје и нејзините вработени покажуваат континуирана грижа, што ги прави наши вистински посветени партнери“, вели Гапо.

Ова предновогодишно дружење е петтата активност што ја организира Пивара Скопје оваа година, во која активно се вклучени и децата и младите поддржани од СОС Детско село. Покрај заедничките дружења што се организираат во текот на годината, младите поддржани од СОС Детско село се вклучени и вобесплатните обуки за млади од компаниската програма Вештини за успех, како и во годинешната еко-акција за чистење на кејот на реката Вардар што ја организираше Пивара Скопје, заедно сопартнерите.

“Како компанија сме особено горди на нашето долгорочно партнерство со СОС Детско село. Тоа е составен дел од нашата континуирана поддршка за заедницата и наопштествено одговорнитеактивности и иницијативи во повеќе области, на чија реализација остануваме трајнопосветени. Во рамки на ваквото делување, продолжуваме и со организација на волонтерски акции преку кои како поединци-вработени во Пивара Скопје, сакаме да дадеме личен печат и придонес за унапредување на квалитетот на животот на луѓето и на заедницата на која ѝ припаѓаме. Особено се радуваме на средбите и дружењето со децата во СОС Детско село со кои секогаш споделуваме многу убави и радосни моменти“, изјави Дан Тимотин, генерален директор на Пивара Скопје.

СОС Детско село е меѓународна организација посветена на заштита и примена на детските права, со посебен фокус на поддршка на децата без родители и родителска грижа и деца кои растат во семејства со социјални ризици.Националната асоцијација на организацијата во земјава е основанаво 2001 година, а во нејзини рамки функционираатниза програми и проекти кои целат кон унапредување на грижата и поддршка на децата и младите без родителска грижа и оние кои се во социјален ризик.