Премиер на мала земја си додели 17 министерства

73

Новиот премиер на Куковите острови, Марк Браун, покрај премиерската позиција, си доделил уште 17 места во владата.

Тој себеси се именувал и за министер за надворешни работи, имиграција, финансии, енергетика и обновливи извори, полиција и телекомуникации. Исто така, тој е одговорен и за морските ресурси, минералите и природните ресурси на морското дно, пензионирањето… Браун се постави и за државен обвинител, во оваа мала земја којашто брои 17.500 жители.

Нов Зеланд и Куковите острови работат на заедничко спасување на туризмот, а одговорот на прашањето зошто еден човек е одговорен за толку функции лежи во тоа што тој нема доверба во луѓето од неговиот кабинет. Претпоставка е дека премиерот во наредниот период би можел да се реши од дел од одговорностите кога земјата ќе застане на нозе.

Браун дојде на власт овој месец, по оставката на Хенри Пуне, кој поднесе оставка по речиси една деценија, со цел да се кандидира за позицијата генерален секретар на Форумот на пацифичките острови, односно главен дипломат на Тихи Океан.

Куковите острови се самоуправна автономна парламентарна демократија во слободно здружување со Нов Зеланд кои се одговорни за надворешната политика и одбраната. Куковите острови се зависни од туризмот којшто оваа година е најпогоден поради пандемијата. Со затворени граници со месеци, земјата остана без заразени со Ковид – 19.

Фото: Facebook