Премиерката на оваа земја ги намали платите на целата влада на шест месеци

50

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн соопшти дека таа и министрите од нејзината влада во наредните шест месеци ќе примаат плата намалена за 20%, за да ја покажат солидарноста кон оние што се погодени со кризата.

Ардерн рече дека е важно владините најплатени политичари да покажат лидерство и солидарност со работниците на првата линија на фронтот и оние кои останале без работа.

Ардерн годишно заработува околу 247.000 евра, а министрите околу 165.000 евра.

“Ако постои момент за надминување на јазот меѓу разни позиции, сега е тој момент. Одговорна сум за извршната власт и овде можеме да преземеме мерки, станува збор за искажување на солидарност кога е најпотребна“, изјави премиерката.

Карантинот во Нов Зеланд подразбира дека граѓаните го прават само она што е неопходно, можат да шетаат и да возат велосипед, но во нивното соседство, во продавниците се барем еден метар оддалечен едни од други и влегуваат еден по еден, училиштата се затворени, одењето на плажи е забрането.

Повеќе од 1.300 лица се заразени со вирусот, а забележани се девет смртни случаи.
Вкупно 1,5 милиони лица побарале субвенции од владата за решавање на финансиските проблеми.

ММФ предвидува пад на економијата во земјата од 7,2%.

Фото: Pixabay