Преполовен бројот на ноќевања во ЕУ

42

Од јануари до август оваа година, во објектите за туристичко сместување во земјите членки од Европската унија се регистрирани 1,1 милијарда ноќевања. Тоа, според податоците на Eurostat, е пад од 50% во однос на истиот период лани.

Најголем пад во ноќевањата има во април (-95%) и во мај (-89%), во споредба со истиот период лани.

Во летните месеци е забележано делумно закрепнување, со пад од 71% во јуни, 42% во јули и 32% во август.

Бројот на ноќевања е намален кај сите земји членки на ЕУ, а се движи од -29% во Холандија до -77% во Грција.

Фото: Freepik