Претставена новата програма за енергетска ефикасност со кредити од ЕБОР во Битола

20

ЕБОР денеска во Битола ја промовираше новата програма за проекти од областа на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија за Западен Балкан, наменет за јавниот и приватниот сектор.
На промоцијата е потврдено дека вкупниот износ на финансиските средства кои се обезбедени од ЕБОР за државите од Западен Балкан изнесува 75 милиони евра, наменети за реализација на мали проекти во приватниот и јавниот сектор, во овласта на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија.
Оваа кредитна линија се пласира преку комерцијалните банки кои имаат склучено договор со ЕБОР. Досега ваков договор има потпишано Охридска банка.
Максималниот износ на кредитите може да биде до 2 милиони евра за приватниот сектор и до 2,5 милиони евра за јавниот сектор. Во случај да постојат повеќе кредити кон ист клиент, кредитот може максимално да изнесува 5 милиони евра.