Претставени резултати од проектот на УСАИД за ангажирање лица со хендикеп

24

usaidАмериканската агенција УСАИД денес во Тетово ги претстави активностите и првите резултати од нивниот проект за практикантска работа и вработување на лицата со хендикеп.

Проектот има за цел да се поттикне интересот на компаниите и другите заинтересирани да се вклучат во активностите и да се охрабри помасовното вработување.

“Во директните средби со претставници на компаниите воочивме дека многу од нив не знаат за придобивките што може да ги добијат со вработување на лица со попреченост. Проектот ќе трае до август 2014 година и засега се спроведува во Тетово, Скопје и Куманово, но отворена е можноста за вклучување и на други градови и општини. Со досегашните наши активности околу 100 лица со хендикеп поминаат обуки за зголемување на нивните вештини, 50 лица од компаниите се обучени за ментори и засега имаме осум директни вработувања на лица со попреченост”, изјави проект-менаџерката Лилјана Дамческа.

Градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи нагласи дека локалната власт постојано ги поддржува ваквите проекти со кои се овозможува вклучување на лицата со хендикеп во секојдневниот живот и работа. Проектот се спроведува од Моја кариера во Скопје, во соработка со Хендикеп Тетово и Порака наша од Куманово.